ПРАВИЛНИК СПОНЗОРСТВА

ПРАВИЛНИК ЗА ПРОМОЦИЈА НА ДОНАТОРИ И

СПОНЗОРИ НА ЗДРУЖЕНИЕ АСТЕРИОН 5 БИТОЛА

 

Член 1

Со овој правилник се уредуваат начинините на кои Здружението Астерион 5 од Битола афирмативно ги промовира правните и физичките лица кои се јавиле како донатори или спонзори на активностите на здружението Астерион 5 Битола.

Член 2

Поимите во овој правилник се во согласност со Закон за донации и спонзорства на јавните дејности ( Сл. В. Бр. 47/06, 86/08,51/2011 и 28/14).

Донација е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за двателот ниту обврска за враќање од примателот н донацијата и која може да биде дадена за цели од јавен интерес или за поддршка на активностите на примателот. Под донација во смисла на овој зкон се подразбираат и жирални давања, теле-давање и организирани настани за прибирање на средства ( чл.3 т.1 од Законот)

Донатор е секое правно или физичко лице кое доброволно донира материјални или финансиски средства за работа на здружението, без посебни услови, освен отчет за начинот на кој се потрошени донираните средства.

Спонзорство е доброволна финансиска исплат , давање добра или услуги за конкретен проект и / или активнот, кои овоможуваат директна корист на давателот како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството. (чл.3 т.2 од Законот)

Спонзор е секое правно или физичко лице кое доброволно на здружението дава материјални или финансиски средства, а за возврат на соодветен начин е назначен како спонзор на конкретните активности наЗдружението, како и отчет за начинот на кој се потрошени средствата  дадени на име спонзорство.

Промоцијае афирмативно истакнување на името, фирмата и заштитниот знак на давателот на донацијата и спонзорството при давање на донација и спонзорство за вршење јавна дејност. ( чл.3 ст.9 од Законот)

Член 3

Здружението Астерион 5 афирмативно ќе ги истакнува името, фирмата и заштитниот знак на давателот на донцијата и спонзорството за различните конкретни активности врз основа на вредноста/ висината на донацијата или спонзорството, а тоа ќе го прецизира со интерен правилник за промоција и јавно заблагодарување во сите видови медиуми што ќе ги изработува при различните видови активности.

Правилникот за промоција на донатори и сонзори не важи за државните институции и здруженијата со кои Астерион 5 соработува.

Член 5

Правното или физичкото лице кое донира или спонзорира 50% од вкупната вредност на чинење на активоста се стекнува со статусот Официјален партнер на Здружението односно конкретниот проект.

Здружението ваквата соработка ја промовира преку :

-најава на партнерство на заедничка прес конференција,

– информација и поставување на логото на интернет страната или фејсбук страната на Здружение Астерион 5 или интернет страната од конкретнит проект,

– Претставување на правното или физичко лице на свеченото отворање или официјалниот почеток на конкретниот проект

– Видливо присуство на голем рекламен материјал – банери, столбови, тенди на местото на одржување на конкретниот проект

– Лого или друг знак  на официјалниот партнер поставено на горниот дел од постер, каталог, флаери или друг печатен рекламен материјал на Здружението за конкретната активност , непосредно под покровителот,  со посебно објаснување на улогата односно статусот официјален партнер.

– Рекламен видео-спот – доколку за конкретнит проект Здружението продуцира рекламен видеоспот, во говорниот дел го споменува името на официјлниот партнер, а во видеото 10 секунди остава за идентификацијата на офиијалниот партнер.

– Официјалниот партнер го има и централното место во секој аудио и видео-материјал што се снима како документација за реализација на конкретниот проект

– Аудио-видео материјал кој го има  официјалниот партнер за сопствен маркетинг е емитува пред секоја од содржините во офф програмата на Балканска Колонија на Ракотворци.

– За време на реализацијата на конкретниот проект логото ии заштитниот знак на официјалниот партнер постојано се врти на видеобим.

Член 6

Правното или физичкото лице кое донира или спонзорира 40% од вкупната вредност на чинење на активноста/  конкретниот  проект се стекнува со статусот Генерален донатор/ спонзор на Здружението односно конкретниот проект.

Здружението ваквата соработка ја промовира преку :

  • Информација и поставување на логото на интернет страната или фејсбук страната на Здружение Астерион 5 или интернет страната од конкретнит проект,
  • Претставување на правното или физичко лице на свеченото отворање или официјалниот почеток на конкретниот проект
  • Видливо присуство на голем рекламен материјал – банери, столбови, тенди на местото на одржување на конкретниот проект
  • Лого или друг знак на официјалниот партнер поставено на горниот дел од постер, каталог, флаери или друг печатен рекламен материјал на Здружението за конкретната активност , непосредно под покровителот,  со посебно објаснување на улогата односно статусот генерален донатор или спонзор.
  • Рекламен видео-спот – доколку за конкретнит проект Здружението продуцира рекламен видеоспот, во говорниот дел го споменува името на генралниот спонзор/донатор , во видеото се појавува неговото лого или друг заштитен знак.
  • – Генералниот донатор/ спонзор го има и во секој аудио и видео-материјал што се снима како документација за реализација на конкретниот проект, но никогаш пред или почесто од официјалниот партнер.
  • – Аудио-видео материјал кој го има генералниот донатор /спонзор за сопствен маркетинг се емитува пред секоја од содржините во офф програмата на Балканска Колонија на Ракотворци.
  • За време на реализацијта на конкретниот проект логото или заштитниот знак на генералниот спонзор постојано се врти на видеобим, веднаш по официјалниот партнер

Член 7

Правното или физичкото лице кое донира или спонзорира од 30% од вкупната вредност на чинење на активноста/  конкретниот  проект се стекнува со статусот Донатор – почитувач на ракотворците.

Здружението ваквата соработка ја промовира преку :

  • информација и поставување на логото на интернет страната или фејсбук страната на Здружение Астерион 5 или интернет страната од конкретниот проект,
  • Видливо присуство на рекламен материјал – банер, постери, флаери на местото на одржување на конкретниот проект,
  • Лого или друг знак поставено на долниот дел од постер, каталог, флаери или друг печатен рекламен материјал на Здружението за конкретната активност , непосредно под идејното решение за конкретниот проект, 
  • За време на реализацијата на конкретниот проект логото или заштитниот знак на донаторот – почитувач на ракотворците постојано се врти на видеобим, веднаш по физичкото ( со видео или фотографија или телоп) одвојување од официјлниот партнер и генералниот донатор/спонзор.

Член 8

Правното или физичкото лице кое донира или спонзорира од 30% од вкупната вредност на чинење на активноста/  конкретниот  проект се стекнува со статусот донатор – поттикнувач на ракотворците.

Здружението ваквата соработка ја промовира преку :

  • информација и поставување на логото на интернет страната или фејсбук страната на Здружение Астерион 5 или интернет страната од конкретниот проект,
  • Видливо присуство на рекламен материјал – банер, постери, флаери на местото на одржување на конкретниот проект,
  • За време на реализацијата на конкретниот проект логото или заштитниот знак на донаторот – почитувач на ракотворците постојано се врти на видеобим, веднаш по физичкото ( со видео или фотографија или телоп) одвојување од официјлниот партнер и генералниот донатор/спонзор.