КРУГ – БЕСКРАЈ

Мирјана Илиевска е родена на 23.05.1958 година во Битола. Живее и работи во родниот град. Вработена е во Технички Факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски.
На една семејна слава во која семејството се спојува , а децата по обичај се досадуваат, Божја промисла ја натера Мирјана и нејзините братучеди да започнат со правење на малечки правоаголници кои ги врзуваа и… започна да создава една чудна фигура од уште почуден материјал – целофанот на бонбоните со кои родителите ги пречекаа гостите. Тоа се случуваше пред 45 години. Оттогаш , досега Мирјана има бонбончиња на секоја семејна средба, на сите слави, родендени и свадби. Го прави кругот и бескрајот – на семејната слава во 60-те години, на нејзината свадба… при раѓањето на првата рожба… на секое домашно славење … на секоја средба со пријателките…на факултет… И така кругот создаде нов круг, еднакво оддалечен од претходниот, но поголем, пораширен, затоа што секој нов во себе ги има првите целофанчиња од шеќерчињата на родителите и нивните родители, кои ја пренесоа Божјата промисла.
Мирјана Илиевска на оваа Колонија го промовира своето животно дело кое го создава 45 години. Се работи за дело од целофанска амбалажа, изработена од, засега 67 000 такви парченца извртени во круг кој нема крај. Кругот е голем 190см на 190см, а ако се отвори, засега е долг 586 метри.
„Бескрај“ покажува колку едноставно може да се стане ракотворец.

Share this:
Tags:

About admin

admin

Администратор

  • Website
  • Google+
  • Rss
  • Pinterest
  • Instagram
  • LinkedIn
  • Vimeo
  • Youtube
  • Flickr
  • Email
(adsbygoogle = window.adsbygoogle || []).push({ google_ad_client: "ca-pub-4901982931241140", enable_page_level_ads: true });

Add Comment