Најава колонија 2014

Астерион Галери најавува дека:

Од  6 – 9 август 2014 година во Дом на АРМ  ќе се реализира второто издание на Балканска Колонија на Ракотворци. 

Ќе имаме повеќе содржини кои ќе овозможат уште повеќе заедничко дружење и планирање на следни активности.

Годинава ќе отвориме со модна ревија – малку староградска, малку модерна и најнова облека во која се вградени и производи од нашите ракотворци.

Заедно со експертите од НУ Завод и Музеј, ЦКД и моден дизајнер ќе учиме за менаџментот во културата, за градското во ракотворењето, за сувенирите и за дизајнот како составен дел од работата врз секоја ракотворба.

Со гостите од Хрватска и Турција  ќе разменуваме искуства и во изработката и во дизјанот и во промоцијата и секако во продажбата на производите .

На крај заедно со битолчани ќе откриеме дали од оваа колонија ќе излезе градски , битолски сувенир.

Share this:
Tags:

About admin

admin

Администратор

  • Website
  • Google+
  • Rss
  • Pinterest
  • Instagram
  • LinkedIn
  • Vimeo
  • Youtube
  • Flickr
  • Email

Add Comment