Балканска Колонија 2015

Во битолската магаза, во рамки на јубилејното битолско културно лето БИТ ФЕСТ, започна третото издание на Балканската колонија на ракотворци. Организацијата и реализација на овој настан е од страна на здружението Астерион 5.

Колонијата има за цел да го промовира традиционалното творештво, каде што Магнолијата, киното Манаки и Пелистерскиот Рис ќе бидат темите на инспирација за овогодинешното творење.

Балканската колонија на ракотворци ќе трае во период од 12 – 16 август, каде ќе земат учество 28 учесници од Австрија, Србија, Турција, БиХ и Македонија, а специјален гостин е уметникот Руслан Сергеев од Израел кој ќе одржи мастерклас за 6  студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ на тема мозаици.

Балканската колонија се одржува во рамките на Бит фест а овој пат е помогната и од Министерството за култура.

Share this:

About admin

admin

Администратор

  • Website
  • Google+
  • Rss
  • Pinterest
  • Instagram
  • LinkedIn
  • Vimeo
  • Youtube
  • Flickr
  • Email

Add Comment