Извадок од статутот на здружение АСТЕРИОН 5

  • Општи одредби: Член 1 – Здружението на граѓани од областа на уметноста, културата, традицијата и забавата АСТЕРИОН 5 Битола  (во понатамошниот текст Здружението) претставува доброволно, невладино и непрофитно здружение, основано на неодредено време, заради афирмација на сите позитивни животни активности. Основно поле на интерес за Здружението е поттикнување, помагање, како и изработка на народни ракотворби (бакрорез, дрворез, македонски вез, керамички производи, народни носии, макети од културно историски знаменитости,пирографија, икони, фрески, мозаици и други уметнички предмети.

 

  • Членување во Здружението: Член 3 – Член на Здружението може да биде секој полнолетен граѓанин државјанин на Република Македонија и државјанин на Република Македонија кој е времено вработен во странство, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена  изјава. Зачленувањето во здружението се врши со пристапница, односно со издавање членска книшка. Здружението на граѓани АСТЕРИОН 5  Битола за своите членови води регистар на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

 

  • Член 5: Секој член на здружението ги има следните права и обврски:

о             Да се придржува на одредбите на Статутот

о             Да избира и да биде избран во телата и органите на Здружението

о             Да се залага за остварување на програмските цели и задачи на Здружението при донесување на стaвови и заклучоци на неговите органи и тела

о             Да покренува иницијативи и да дава предлози за расправа на телата и органите на Здружението по одредени прашања, како и да учествува во одлучувањето по истите

о             Да предлага и избира делегати во телата и органите на Здружението

о             Активно да учествува во реализацијата на програмата на Здружението

о             Редовно да плаќа членаринa

  • Член 14: Лицата кои дале посебен придонес во некоја од областите опфатени со целите и задачите на Здружението, можат за бидат прифатени како негови посебни членови. Посебниот член не плаќа членарина, добива членска книшка и има право да учествува во работата на Здружението без право на глас.
  • Член 15: Членството во Здружението може да престане:

о             по сопствена желба;

о             со исклучување од страна на Собранието на Здружението поради непридржување кон статутарните одредби или за работа против интересите на Здружението

 

Пристапница