Цели Астерион 5

Вовед:

Астерион 5 е независно и непартиско, непрофитно здружение чија цел е да биде промотор и заштитник на ракотворците , нивното творештво и пласманот на творештвото. Истовремено Астерион Галери ќе придонесе во интеграцијата на лицата со посебни телесни потреби и лицата со посебни социјални потреби во локалната економска заедница  преку  обука и  создавање и изградба на професионални стандарди на ракотворците. 

Имајќи предвид дека :

  • Статусот на ракотворците е несоодветно регулиран
  • Во државата нема посебен закон за ракотворци кој ќе ги уважи традиционалните и културните народни вредности кои се негуваат и создаваат
  • Ракотворците не се перцепираат како економски двигател во државата
  • Нема организиран пласман на ракотворбите и,
  • Не постои категоријзација на ракотворците ниту нивните творби ,

Здружението Астерион Галери ја препознава потребата од придвижување и суштински промени во оваа сфера за надминување на ваквата состојба и работа во насока кон воведување на вредносните принципи независност, стручност, професионалност, етичност и јавност , па оттука ги има и следните цели :

 

Цел 1 :

  1. Подобрување на условите за снабдување на пазарот со рачно изработени ракотворби

1.1 Отворање интернет страна на која ќе се рекламираат и по можност продаваат ракотворби на членовите на здружението

1.2 Следење, помагање и афирмирање на творештвото на ракотворците преку реализација на различни проекти , изложби, саеми, продажни изложби и други јавни настани кои овозможуваат поголема присутност на ракотворците во локалната заедница.

1.3 Медиумска поддршка и промоција на раковорството и занетчиството преку реализација на документарни филмови, емисии и различни други аудио-визуелни материјали и нивно емитување.

Цел 2:

2.Поттикнување и развој на творечкиот ум и потенцијал и стекнување на ракотворни вештини на лица со различна хендикепираност и лица со посебни социјални потреби

2.1 Организирација на работилници за лица со хендикеп и социјално загрозени лица преку ангажирање на лица со определени специјалности за обука,

2.2 Донирање / продажба на делата од работилниците во различни институции во градот и државата, со посебна  цел  –  надминување на предрасудите и подобрување на степенот интеграција на лицата со хендикеп и социјални потреби во заедницата,

2.3 Организирање заеднички хуманитарни изложби, хуманитарни аукции и продажни изложби на учесниците на работилниците и ракотворците.

Цел 3 :

  1. Подобрување на соработката на ракотворците од Општина Битола и Пелагонискиот регион со земјите соседи и земјите кои имаат свои конзуларни претставништва

3.1 Организација на Колонија на ракотворци во која ќе учествуваат ракотворци од Пелагониско-Преспанскиот пограничен регион; колонијата ќе се организира еднаш годишно

Цел 4:

  1. Законско регулирање на статусот на ракотворците, имајќи ги предвид трајните вредности кои се создаваат од аспект на трајните вредности кои се содаваати традиционалните вештини кои се негуваат како идентитетска потврда.

4.1 Евидентирање и класификација на ракотворците во систематизиран регистер на ракотворби

4.2  Анкета и анализа на потребите, условите и барањата на ракотворците и споредба со други земји во светот за законско регулирање на статусот на ракотворците.

Структура на здружението:

Највисок орган на Здружението е Собранието кое го сочинуваат сите активни членови .

Собранието заседава еднаш годишно и ја донесува програмата за работа.

Собранието избира Управен Одбор (УО)  од 3 члена, раководен и претставуван од претседателот, со мандат од 4 години. Собранието избира и Надзорен Одбор од 3 члена, со мандат од 4 години.

Управниот Одбор  е извршниот орган на Здружението , ја организира работата на здружението, ги извршува одлуките на Собранието и назначува претставници на комисии кои ќе се формираат за успешно спроведување на програмата ( комисија за регрутирање и комуникација со членство, комисија за промоција на активностите, комисија за меѓународна соработка). УО назначува благајник и секретар на Здружението.

Надзорен Одбор

Надзорниот одбор е надзорен / контролен орган на извршувањето на работата на УО, распределбата / трошењето на материјално-финансиското работење. Надзорот го спроведува најмалку 2 пати годишно. Одговара пред Собранието.